конструира св. и несв.

конструира (св. и несв.)

Тој избегнува лингвистички разграничувања, какви што се субјект/објект, ум /тело, ментално/ физичко, кога тие се применуваат да конструираат реалност во која телото се доживува како надворешност на битието, како што ги доживуваме машините кои ги користиме во секојдневниот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Шаховската партија е многу пластична работа. Таа се конструира. Тоа е механичка скулптура: со шахот се создаваат убави проблеми, а таа убавина се создава и со главата и со рацете.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Под вознемирената вода, во редица како јато од риби, ‘рѓосуваше сега четата од роботи што ги конструирал пред многу години за да ја разбие својата осаменост, а потоа, свесен за својата лудост, со командата еден, два, три ги натера да одмаршираат во длабините на каналот, додека од нив се издигаа меурчиња како од шишиња.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Tinguely впрочем обликуваше дела какви што се Подарок за New York и План за пропаста на светот, во кои раздвојуваше и конструираше машини (од часовничарски механизми, федери, погонски вериги, ламели, запчаници и други механички елементи), коишто се изложуваат самите, а при тоа произведуваат дури интересни звучни ефекти.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Или писмото никогаш не било прост „додаток“, или е мошне итно да се конструира една нова логика на „додатокот“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Конструирањето на авионите датираше од време долго пред нејзиното раѓање, но пренасочувањето на војната се случи пред само четири години, значи кога таа веќе била возрасна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Романот Бунар од Димитар Башевски на планот на формата е беспрекорно конструиран, речиси геометриски, како низа од хомологии, од совпадливи ликови и случувања кои се огледуваат едно во друго, и како збир од дихотомии во кој се спротивставени историјата - митското, циклично време; колективното, несвесно - индивидуалното, цивилизациско; машко (Симон) - женско (Агна); вековен семеен судир (Симон и Владе); субјективното (животопис) и објективното (историски документи); бунар - водовод; современост - минато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нешто го изненадува. Зар може навистина во една ваква ситуација да се таи шанса што само вешто проблемско конструирање би ја создало? Или го лажат очите?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мораше да си докаже дека животот ѝ е повеќе од концепт и некаква книжевна, вештачки конструирана атмосфера.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Границите се само замислени поделби, конструирани низ митовите, историските наративи и искуства, а заедниците чиј идентитет тие го конструираат исто така се имагинарни.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Истовремено, тие се неопходен инструмент за конструирањето на националната култура.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Овој текст ја истражува оваа контрадикторна природа на границите, истовремено поставувајќи го прашањето дали е можно (и обидувајќи се да ја демонстрира неопходноста) да се надминат овие стари дихотомии на надвор/внатре, ние/тие, добро/лошо, ред/хаос и да се најде (конструира) трет простор, простор без ограничувања.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Само некои остануваат трагајќи по минатото што ја конструира иднината, на стара безвредна читанка, без цензура... Се пронајде ли?
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Има многу варијации на начините на кои се конструира машката геј- култура, во поединечните геј- заедници што припаѓаат на различни национални или етнички култури во разните делови од светот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)